Фото: Пиксабеј

Автор: Д-р Сабрина Туглиова, доктор по општа медицина

Феродефицитна анемија (железодефицитна анемија) претставува недостиг на железо во организмот поради што се нарушува создавањето на хемоглобинот.
Овој вид на анемија е само симптом и мора да се откријат основните причини.
Најчести причини:
– Неадекватна нутриција
– Хронични крварења
– Малапсорпција/Целијакија.
Дефицитот на железо без јасна причина е најчесто резултат на бременост, гинеколошко крварење, гастроинтестинално крварење, брз раст.
Кај фертилна жена најчеста причина е екцесивно менструално крварење.
Хеморагии од гастроинтестиналниот тракт (гастритичен улкус, хемороиди, интестинални тумори) се исто така многу чести причини и се застапени повеќе кај машката популација.
Симптоми: Замор, слабост, малаксаност, вртоглавици и главоболки, бледило на кожата, ладни стапала и дланки, нарушена концентација, кршливи нокти, паѓање на косата.
Дијагноза: Недостатокот на железо се дијагностицира преку испитување на серумски феритин, хемоглобин, број на еритроцити, хематокрит, MCV и испитување на железо во крв. Вредностите помали од 8μmol/L за железо во крв, или серумскиот феритин помал од 30μg/L се знак за дефицит на железо.
Дефицитот на железо во корелација со хронична болест-се детектира со серумски трансферин.
Порано феродефицитна анемија се утврдувала и со анализа на коскена срцевина но во денешно време оваа анализа речиси и ја изгуби улогата и само во исклучителни случаи при сомнение за хематолошка болест се индицира стернална пункција.
Терапија: Како прво препорачуваме измена на начинот на исхрана, храна богата со железо, витамин Б12 и фолна киселина, како и давање железен препарат или суплемент односно медикаментозна терапија.
Супституцијата со железо најчесто се дава орално со дневни количини од 100 до 200 милиграми во 2 до 4 дози и овде постои ретикулоцитен одговор најчесто за 5-10 дена од започнувањето на терапијата. Нормализацијата на хемоглобинот и на MCV се очекува за 2 до 4 месеци. Супституцијата на железо треба да се одржува 2-3 месеци по комплетниот одговор, со цел да се надополнат резервите на железо во организмот. Пациентите кои нема да дадат одговор на терапијата-треба да се упатат на хематолог.
Како лек од избор од суплементите на железо, ги имаме таблетите GlobiFer Forte+. Тие се уникатна формула на хем и не-хем железо, со фолна киселина и витамин Б12. Во пракса при секојдневно работење со матичните пациенти, се покажа дека ефикасно го подобруваат нивото на хемоглобин и железо во крвта. Има двојно дејство со два различни механизми на апсорпција на железо, кои што се надополнуваат во својата ефикасност и е без гастрични тегоби (не предизвикуваат гадење, повраќање, гастрична болка, дијареа или опстипација). Наменет е за бремени жени, за деца над 14години, возрасни и спортисти, жени во репродуктивна возраст. Железото придонесува за побрзо нормално создавање на црвени крвни зрнца и хемоглобин.
Препорачано е да се зема 1 таблета на ден со чаша вода.