Денеска времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места ќе има услови за невреме со појава на град.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 34 и 40 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 20 до максимални 39 степени.
И во вторник ќе се задржи сончево и многу топло време. Во попладневните и вечерните часови повторно се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за невреме со град.
Промена на временските услови се очекува од среда, кога ќе започне продор на постуден воздух од север. Со засилен северен ветер температурите ќе бидат во опаѓање, а најизразено освежување се очекува во петок, кога се најавени врнежи од дожд и значително пониски дневни температури. Од сабота се очекува постепено стабилизирање на времето и повторен пораст на температурите.
































