Фото: Министерство за одбрана

Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош што се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош.

Пакувањето и транспортот на хуманитарната помош, информираа од МО, се реализирани во соработка со Македонско-Турската стопанска комора.

Пратката ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.

Инаку, помошта е реализирана согласно Владината одлука за хуманитарна помош во материјални средства за Република Турција.