Фото: ЦУК

Едно лице вчера било нападнато од мечка, на потегот меѓу селата Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Нападнатиот бил спасен од ловци кои случајно биле во близина на местото на нападот и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала. Нападнатото лице кое било преплашено се здобило со телесни повреди – информираат од ЦУК.