Кампањата „Замени и засади“ на КБ Прво пензиско друштво со нова акција и пошумување на површина од 2 хектари со 5.000 садници.
По успешното финализирање на претходните две акции во склоп на кампањата „Замени и засади“ со пошумување на одреден предел, КБ Прво пензиско друштво оваа година во пределот Малешево, Беровско засади 5.000 садници, кои се од класата на зимзелени дрвја, односно црн бор. Садниците беа засадени на површина од 2 хектари, која во 2021 година беше зафатена со пожари. Акцијата беше спроведена во соработка со ЈП „Национални шуми“ и пом. директор м-р Маре Басова на Секторот за одгледување, подигнување, екологија и лов, кои активно се вклучија во организацијата и засадувањето на 5.000 дрвја од типот на црн бор.

Почетоците на кампањата „Замени и засади“ беа уште во 2021 година, кога произлезе идејата за замена на зелениот плик со добивање на истиот во електронска форма, а пак со направената промена, Друштвото во име на членовите ќе донира по едно дрво.
Првата акција со пошумување се одржа во 2021 година кон крајот на месец ноември во местото Пезово, Кумановско, со озеленување на предел од 1 хектар сиромашна и сува почва. Втората акција се одржа минатата година со озеленување на 1 хектар во пределот на Кочани, местото Бели. Исто така, и овој предел беше еден од најпогодените во големите шумски пожари во летото, 2021 година.

– Грижата за здравата животна средина е тема која е од заеднички интерес на сите нас, нешто кон кое сите ние имаме одговорност за подобра иднина. Кампањата под слоганот „Замени и засади“ е нешто што ќе остане, традиција која сакаме да ја негуваме и секоја година да придонесуваме со сè поголем број на вакви активности кои се од општествено одговорен карактер. Ние веруваме дека иднината е резултат на чекорите кои ги преземаме денес. Особена чест и гордост ни претставува тоа што нашето членство ја препознава нашата мисија и секоја година се приклучува во акцијата во сѐ поголем број. Секако, вреди да ја споменеме и поддршката во акцијата од страна на нашата деловна мрежа на Комерцијална банка АД Скопје и Шпаркасе банка АД Скопје – изјавија од КБ Прво.

Веќе три години КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со гордост ја потенцира и пионерската улога на фондовите со кои управува, во примена на одговорно инвестирање, што опфаќа инвестирање во инвестициски фондови кои се грижат за животната средина, општеството и доброто корпоративно управување, познато како ESG концепт – светски тренд кон кој се стремат пензиските фондови во сите развиени земји.

КБ Прво, одбележувајќи ги Деновите на финансиска писменост, а воедно и како дел од својата кампања за грижа на животната средина, ги повикува сите членови да дадат придонес за подобра животна средина, да направат промена и да се регистрираат за добивање на својот годишен извештај во електронска форма.
Ајде сите заедно да ја поттикнеме новата промена за здрава животна средина!

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел.