Фото: Игор Бансколиев

Од 5 до 11 февруари 2024 се одржува кампања „Радио седмица на македонистиката“ организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто е поддржана од повеќе радиодифузери.

Како што соопшти МСМЈЛК при УКИМ, кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по македонистика на странски универзитети, како и професори, предавачи, лектори и семинаристи на Четвртата зимска школа и Летните школи во Охрид.

-Целта на кампањата е да ја афирмира македонистиката и дејноста на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје, актуелизирајќи ја 2024 за Година на македонистиката – наведува МСМЈЛК.