Фото: ОМО Илинден-Пирин

Каменуван е новоотврениот македонски клуб во Бугарија, „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Ова го објавија бугарските медиуми кои се повикуваат на полициски информации. Според дел од нив, искршен е влезот на клубот. Инцидентот е пријавен на дваесетина минути пред 22 часот. Според првичните информации, искршено е стаклото од влезот на клубот.

Ваквите случувања доаѓаат по тензичниот ден на границата „Деве Баир“ каде што беа уапсени тројца бугарски државјани кои навредуваа полицајци, не политуваа наредби од униформирани лица и вербално ги напаѓаа. Не е познато кој го искрши влезот на македонскиот клуб, што уследи по инцидентите со бугарските клубови во Македонија кои ги имаше во изминатиот период.

ОМО Илинден-Пирин: Полицијата не им дозволи на Македонците да веат македонски знамиња во Благоевград

Бугарската „БНТ“ пишува дека пред објектот имало полиција која правела увид. Забрането било фотографирање и документирање на искршениот влез од клубот.

Македонскиот клуб беше отворен на крајот од октомври минатата година. Кратко потоа, се случија и првите проблеми помеѓу македонското здружение и институциите во Бугарија.