Македонците во Бугарија се жалат дека бугарската полиција не им дозволила да веат македонски знамиња во Благоевград, на одбележувањето на 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Од ОМО Илинден-Пирин појаснуваат дека полицијата не им дозволила да го веат знамето со ѕвездата на Кутлеш, знамето на ОМО Илнден – ПИРИН, па дури и знамето на Европската алијанса за слобода.
– И покрај тоа што Македонците ѝ кажаа на полицијата (вклучувајќи ги и цивилите) дека тоа секогаш го правеле во последните години, полицијата забрани, „да немаме никакви проблеми, ниту вие, ниту ние“ – додаваат од здружението.
Прославата во чест на Гоце Делчев продолжи во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.