Илустрација / Фото: Влада

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово околу 3:30 часот, запалено е патничко возило на улица „Струмичка“ во Општина Чаир.

– Денеска (22.7.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 3.30 часот на ул.„Струмичка” настанал пожар во патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л. (35) од Скопје – велат од МВР.

Оттаму известуваат дека пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Дел од медиумите денеска објавија вест дека е запалено возило на вицепремиерот Артан Груби.