Фото: МИА

На концертот на Теа Таировиќ, кој се одржа на ракометното игралиште во Битола, синоќа се случила тепачка на две групи, главно малолетници, која за малку можеше да заврши со трагични последици.
Според информацијата на МВР, синоќа полициски службеници ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициската станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка која е пријавена околу 00.47 часот.
Според пријавата, на ракометното игралиште дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.
Инаку две од повредените лица, од кои едното е во критична состојба, веднаш по настанот и укажаната прва помош во Клиничката болница во Битола итно се транспортирани на Скопските клиники на натамошно лекување. М.М.