Фото: Пекселс

Загина сопатник на мотоцикл, а возачот е потешко е повреден и е пренесен во струмичката болница во тешката сообраќајната несреќа на патот Струмица-Радовиш, на влезот во селото Владевци, на крстосницата за селото Сушево.

Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, несреќата се случила во 18:40 часот, а во неа учествувале мотоцикл и автомобил.

Увидот извршија полицијата и јавен обвинител.