Фото: МИА

иректорот на Затвор Штип, Мики Тодоров денеска информира дека при претрес на ноќна смена од страна на командирот, кај виш надзорник на влезот во затворот се пронајдени три мобилни телфони.

– Вчеравчер на ноќна смена командирот направил претрес и кај еден од вработените на влезот во затворот се пронајдени три мобилни телефони. Направен е записник од негова страна, а со допис случајот е пријавен во полицска станица Штип. Вработениот тврди дека телефоните се на негов роднина, кај кој бил на посета непосредно пред да дојде на работа. Чекаме од полицијата да утврдат чии се телефоните и дали се можеби од друго кривично дело и согласно на тоа ќе се постапува во иднина – вели Тодоров.

Настанот го потврдуваат и од СВР Штип. Од таму велат дека пријава има и дека во тек е предистражна постапка, и повеќе информации ќе има по незјино завршување.