Фото: Макфакс

Сообраќајка го блокираше сообраќајот на влезот во Скопје, пред Автокоманда, објавува Макфакс. Возилата поради судирот, 15 минути стоеле во место, сведочат граѓани. Сите коловозни ленти биле блокирани.

Неофицијално, станува збор за полесна сообраќајка без повредени. Судирот е помеѓу два автомобили.

На терен има и две полициски екипи, кои прават увид. Од МВР детали најавуваат за подоцна.