Фото: Игор Бансколиев

Филип Талески нема да му биде на располагање на селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за претстојните натпревари со Португалија, поради приватни причини.

Покрај Талески, во репрезентацијата ќе го нема ниту Павле Атанасијевиќ, додека од повиканите 22 играчи неизвесни се и Жарко Пешевски и Марио Танкоски.

Македонските репрезентативци попладнево го имаат првиот собир за подготовките за средбите со Португалија.

Последен во националниот тим ќе пристигне Никола Митревски, кој вечерва има настап за Порто.

Натпреварите со Португалија од квалификациите за Еуро 2024 ќе се играат на 9 март во Скопје и на 12 март во Порто.