Од вчера во подножјето на превојот Стража од кичевска страна, на површина од околу еден хектар, гори сува трева, ситно стеблеста и деградирана шума, a постои реална опаност пожарот да се прошири и во шумскиот појас.
– Веќе втор ден под превојот Стража гори сува трева, деградирана шума, а поради ветерот постои реална опасност пожарот да се прошири и во шумскиот појас. Наши екипи, како вчера, така и денес, се наоѓаат на терен и го гасат пожарот во оној дел каде што можат да пристигнат со противпожарно возило. Во потешко пристапниот терен интервенира екипа задолжена за гасење пожари од шумското стопанство „Лопшушник“ од Кичево. Причините за пожарот се уште не се целосно утврдени, но од претходни искуства знаеме дека главен фактор за овие пожари е човекот – истакна Горан Соколески од ТППЕ Кичево. З.А.