Од засега непознати причини се запали автобус на патот Охрид – Кичево. Возачот навремено се евакуирал, а патници во него – немало.
Неофицијално, пожарот започнал од крајниот дел на автобусот, но брзo се проширил. Причините дополнително ќе се откриваат.
Последните информации од ЦУК се дека сообраќајот се одвива по една лента.
Од ТППЕ интервениралe при гасење на опожарен автобус – соопшти АМСМ.