ФУДБАЛ
- Во првите мечеви, Вардар за пласман во ЛШ ќе игра со КуПС (дома, утре, од 19 часот), во квалификациите за КЛ, Силекс ќе се сретне со Динамо Минск (на гости, в четврток, од 19 ч.), а Шкендија со ФК Европа (на гости, в четврток, од 19.30 ч.). Реваншите се идната недела
Вкупно 72. сезона на европските фудбалски купови почнува утре, со првите натпревари од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите (ЛШ) и во Конференциската лига (КЛ), а неделава на програмата се и дуелите за настап во Лига Европа (ЛЕ). Во првите мечеви од македонските претставници. Вардар за пласман во Лигата на шампионите ќе игра со КуПС од Финска (прво дома, утре, од 19 часот), во квалификациите за Конференциската лига, Силекс ќе се сретне со Динамо Минск од Белорусија (прво на гости, в четврток, од 19 ч.), а Шкендија со ФК Европа од Гибралтар (прво на гости, в четврток, од 19.30 ч.). Реванш-натпреварите во сите три европски купа се идната недела.
Во лигашката фаза на Лигата на шампионите директно се пласираа 29 екипи (дебитант е Комо од Италија), а седум места ќе бидат пополнети преку квалификациите, во кои ќе има вкупно четири кола. Во квалификациите ќе играат и, на пример, Селтик (Шкотска, од плејофот), Лион (Франција, од 3. коло), Бодо-Глимт (Норвешка, од 3. коло)… Во Лига Европа директно се пласираа 13 клуба, а преку квалификациите уште 23, од тоа 12 победници на плејофот на ЛЕ и 11 од квалификациите за ЛШ. Во Конференциската лига нема директно пласирани екипи во лигашката фаза, каде што ќе настапат 24 победници во квалификациите, кои, пак, се состојат од четири кола, како и 12 поразени екипи од четвртото квалификациско коло (плејофот) за пласман во Лига Европа. Н.М.

































