Осумнаесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла пиштол и рамка, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, приведувањето било извршено синоќа околу 19:50 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Скопје, каде полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.Ј. (18).
При извршениот преглед, кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „Валтер“ и рамка за оружјето.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по целосното документирање на случајот, против 18-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.


































