Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Регионалниот центар за управување со кризи Штип известува дека во 13:25 часот започнат е пожар на депонија „Трештенска Скала“ во близина на градот Штип. Пожарот е проширен надвор од депонијата и зафатена е ниска вегетација, а во мометот интервенираат 6 пожарникари со 2 противпожарни возила од ТППЕ Штип.

Од страна на ТППЕ Штип се повикани и останатите пожарникари подоцна ќе се вклучат во гасење на пожарот.