По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, информираат оттаму.
-Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност. Дипломатско-конзуларната мрежа на Северна Македонија во Грција е активна, и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции. Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот – информираат од МНР.
Грчката полицијата трага по две лица кои вчера на Халкидики ликвидираа македонски државјанин, а друг, како што соопштија од полицијата е тешко ранет и се наоѓа во болница.
Нарачано убиство на македонски државјанин во Грција, пишува АП