Фото: Илустрација/Принтскрин

Грчката полицијата трага по две лица кои вчера на Халкидики ликвидираа македонски државјанин, а друг, како што соопштија од полицијата е тешко ранет и се наоѓа во болница.

Полицајци кои сакалe да останат анонимни, бидејќи не сe овластени да зборуваат официјално за случајот, за Асошиетед прес изјавиле дека веруваат оти станува збор за нарачано убиство.

Две маскирани лица возејќи мотоцикл се приближиле до вилата во одморалиштето Ханиоти, на околу 105 километри југоисточно од Солун, која 39-годишниот бизнисмен ја изнајмувал заедно со пријателите, соопшти полицијата, објави агенцијата Асошиејтед прес (АП).

Напаѓачите се паркирале надвор, влегле во вилата и ги застрелале мажот и неговиот пријател со најмалку 19 куршуми, пренесе АП, повикувајќи се на грчката полиција.

Бизнисменот, кој не е идентификуван, починал веднаш, а неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со тешки рани, соопшти полицијата. АП додава дека бизнисменот, етнички Албанец, е опишан како сопственик на казино во Македонија.

Полицајците, кои сакале да останат анонимни, бидејќи не биле овластени да зборуваат официјално за случајот што е под истрага, изјавиле за Асошиетед прес дека веруваат дека станува збор за нарачано убиство.

Македонски медиуми објавија дека ликвидираниот во Сани Вилас, Ханиоти е 39-годишниот Орхан Бајрами -Оки, кој и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје, а го сметаа за неформален лидер на т.н. групата „Дуќанџик“.