Илустрација/Фото: Фејсбук - Володимир Зеленски

Руската противвоздушна одбрана и флота во Црното Море беа ангажирани во одбивањето напад на украински беспилотни летала над кримското пристаниште Севастопол рано во денеска, изјави официјален претставник назначен од Москва.

Нападите се снимени над пристаништето Севастопол и градските области Балаклава и Керсон, напиша Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол назначен од Москва, на социјалната платформа за комуникација Телеграм.

Засега нема детали за размерите на нападот или каква било штета од нападот на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

Овие извештаи не се независно проверени на терен.

Претходно, руските претставници известија за напад врз базата на руската Црноморска флота и рекоа дека поморскиот транспорт, вклучително и фериботите, е суспендиран во пристаништето. Суспензијата беше укината рано на 16 јули.

Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на анектираните територии од Русија, но во последните месеци има изјави дека уништувањето на руската воена инфраструктура и помага на контраофанзивата на Киев.