Во Битола вообичаени се случаите на диво снабдување со огрени дрва, но ретко се случува сопственици на луксузни автомобили од марката „мерцедес“ да шверцуваат огревни дрва.

Вчера на улица „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски
службеници ги затекнале Б.Џ. од село Обедник и С.А. од Битола како во автомобил „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки превезувале огревно дрво без документација.

Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно
документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава, се вели во
соопштението на СВР Битола. М.М.