Фото: Официјална страница на Царинската управа на Србија

Српските цариници на граничниот премин „Прешево“ спречиле двајца патници да прошверцуваат златен накит вреден над 2,2 милиони динари (околу 19.000 евра) во пелени памперс, соопшти денеска тамошната Царинската управа.

Речиси половина килограм златни ѓердани и алки со дукати „Франц Јозеф“, како и синџири и прстени, се пронајдени во автомобил со швајцарски регистарски таблички, во кој млад брачен пар се движел од правец на Македонија кон Швајцарија.

Патниците рекле дека немаат што да пријават, а накитот бил пронајден во неотворено пакување пелени „Памперс“, во торба под совозачкото седиште.

Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судската одлука, покрај златото, трајно е одземено возилото проценето на повеќе од еден милион динари.