Фото: ЦУК

Продолжува потрагата по возачот на автомобилот кој пред три дена со автомобилот излета во реката Вардар. Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, но засега 22-годишното момче не е пронајдено.

Во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 9 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино, информираа од Центарот за управување со кризи.

Момчето од Куманово со возилото излета од патот Тетово-Скопје и падна во Вардар. Автомобилот веднаш по несреќата бил изваден од реката, а по младото момче уште се трага.