Илустрација / Фото: МИА

Дојави за поставени бомби утрово пристигнале на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, каде во тек се антитерористички проверки, соопшти МВР.

– Денеска до 08.20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – наведуваат од МВР.

Вчера пристигнаа пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје, а по сите направени проверки од страна на МВР беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.

Изминативе денови на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Скопје и во Прилеп пристигнаа закани за поставени експлозивни направи, поради што Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.