Фото: Архива

Kонтроли на возила беа спроведени во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови на подрачјето на Прилеп. За време на контролите едно лице е лишено од слобода, бидејќи кај него е пронајдена бела тврда материја и против него ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21 до 4 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 24 возачи, од кои 23 возачи се исклучени од сообраќај.

Од нив, 8 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола, а констатиран и законски санкциониран е и еден прекршок од такси превозник кој не поседувал комплетна документација.

Засилените акциски контроли продолжуваат велат од МВР, при тоа апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Ка.М.