Фото: МИА

Полицијата потврди дека утринава во 8.38 часот, во скопската населба Аеродром, е пукано врз Љупчо Костадиновски, татко на исчезнатиот Самоил.
Од МВР велат дека повредениот е пренесен во болница, а полицијата на терен презема мерки за расчистување на случајот.

-Денеска во 8.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, досега во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син, кој беше пријавен за исчезнат на 3 март.
Киднапирањето се случило во скопската општина Кисела Вода, a информации во медиумите се појавија на 6 март, откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се изгубила секаква трага.

За кривичното дело грабнување се осомничени две лица.

Членовите на семејството се роднини на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.