Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата во Софија жестоко го искритикувал својот бугарски колега Румен Радев дека се спротивставува на дополнителното вооружување на украинските сили, објави Политико.

Зеленски ја посети Бугарија за да се соочи со прозападната администрација на премиерот Николај Денков, која го поддржува извозот на оружје во Украина и истражува начини за продажба на цивилна нуклеарна опрема.

Радев се обидел да го објасни својот став дека „нема воени решенија“ и дека „се повеќе оружје не го решава“ проблемот.

-Не дај Боже да те снајде таа трагедија и да бидеш на мое место. Дали ќе речете: „Путин, те молам, заземи ја бугарската територија“ – прашал Зеленски, посочувајќи дека Радев сигурно нема да дозволи компромис за независноста на Бугарија.

-Не, ти како вистински претседател, сигурен сум дека не би дозволил компромис со својата независност. Ваше право е да не ја поддржите Украина. Но навистина би сакал правилно да ме сфатите – продолжил Зеленски.

Зеленски го отфрли предлогот на Радев за дипломатско решение, наведувајќи дека Кремљ започнал „војна за уништување против Украинците, а не против други земји“,

Радев на крајот му сугерирал дека има предлог, но побарал да се повлечат ТВ-камерите пред да продолжи.