Фото: Царинска управа

Царинска управа информира дека во изминатите две недели на граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје биле откриени три обиди за криумчарење злато, со вкупна тежина од 285 грама и проценета вредност од околу 23.000 евра.

Директорот на Управата, Бобан Николовски, во гостување на МРТ 1 изјави дека институцијата континуирано ги следи глобалните трендови и соодветно ги прилагодува профилите на ризик.

Претходно, Царинската управа информираше и за спречен обид за криумчарење злато на граничниот премин Богородица. Во сите случаи, златото е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави.

Николовски потсети и на претходен случај на аеродромот, кога бил спречен обид за криумчарење на 1,7 килограми златен накит, кој во текот на постапката бил проценет на речиси еден милион евра.