Вчера на улицата Косовска во Штип, полициски службеници го привеле Д.Ј.(31) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

– Околу 15.00 часот на ул. Радански пат во Штип, С.Д.(18), С.Д.(21), Е.Д(44) и двајца малолетници биле физички нападнати од Д.Ј. и уште шест лица, при што биле употребени метални и дрвени премети – велат од МВР.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.