Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, во сведочењето за случајот „Тортура“ рече дела не се сеќава дали знаел оти има акција за апсење на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

-Не можам да се сетам, беше многу одамна, рече Чавков.

Пензионираниот директор на БЈБ рече дека имало стотици случаи на организиран криминал и не се сеќава за наредбата за апсење од 2011 година.

На прашањето на обвинителот од СЈО, Љубомир Лапе, дали тој лично дал наредба да се уапси Бошкоски, рече дека тоа го работел тим што го предводел јавен обвинител.