Фото: Зоран Антоски

Вчера околу 14 часот во ОВР-Кичево пријавено е дека лицето Г.Т.(55) од Кичево, вработен во градежното претпријатие „Гранит-Кичево“, изведувајќи градежни активности на новиот автопат Кичево-Охрид во близина кај мостот во село Добреноц, се здобил со телесни повреди.

По примената прва медицинска помош во Општата болница во Кичево, повредениот работник е пуштен на домашно лекување. Причините за повредата дополнително ќе се утврдуваат.

Инаку, радува фактот што и покрај незгодната конфигурација на теренот низ која поминува новиот автопат Кичево-Охрид и, на кој се изградени два тунели од по 2.000 метри, бројот на повредени работници е исклучително мал. З.А.