Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од село Старо Нагоричане.

– На 19.6.2021 во 2.45 часот во Полициска Станица Крива Паланка е пријавено дека во Затвор „Кшање“, во отвореното одделение, бил пронајден починат затвореникот М.Ј.(58) од село Старо Нагоричане, Кумановско – соопшти МВР.

По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.