Пожар избувнал на тераса од куќата во сопственост на П. Б. (80) вчера во селото Црешево, Скопско, при што бил опожарен дел од фасадата.

Од пожарот П. Б. добил изгореници и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од соседите и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид извршила екипа од СВР Скопје.