Од Министерството за внатрешни работи ја информираат јавноста дека на социјалната мрежа Фејсбук забележани се налози кои се прикажуваат како официјални групи на фирми и државни институции во нашата земја, притоа доведувајќи ги во заблуда корисниците со организирање на лажни наградни игри.

– Од граѓаните се бара да ги споделат нивните лични податоци и документи (лична карта или пасош) како и нивните податоци од платежни картички, со единствена цел искористување на нивните податоци за понатамошни криминални активности – стои во соопштението на ресорното министерство од каде апелираат граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип.

Воедно МВР информира дека во моментов презема активности за сузбивање на овие лажни фејсбук-групи.