Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Кичево, од Здравствен дом Кичево било пријавено дека бил донесен починат Р.Т.(51) од село Мамудовци, Кичевско. Лекар констатирал смрт како последица од струен удар. Според пријавеното, Р.Т. настрадал при изведување на градежни работи. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.