Фото: Игор Бансколиев

Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец, е ослободен од домашен притвор и одлуката за жалба на пресудата која ја има поднесено до повисокиот суд ќе ја чека од слобода.

Обвинителката Вилма Русковска рече дека таа дала позитивно мислење за Кичеец да биде на слобода до правосилноста на пресудата. Таа вели дека тој дал гаранција во недвижен имот, но не кажа за колкава вредност станува збор.

Кичеец барал да биде ослободен од куќен притвор бидејќи во изминатите денови починал неговиот татко, но и поради други семејни причини кои ги навел во барањето.

Тој е осуден на три години затвор за примање награда за противзаконско влијание во случајот „Рекет“, откако на почетокот на судскиот процес го призна делото.