Во скопската полиција, рано утрово, околу три часот по полноќ било пријавено дека во подземни гаражи на улицата „Седма албанска бригада“ настанал пожар при што биле опожарени три возила: „ауди“, „опел астра“ и „фолксваген пасат“, а оштетено било и „бе-ем-ве“, сите со скопски регистарации.

Пожарот бил изгаснат од екипа на скопската бригада за противпожарна заштита, а од екипа на Итна медицинска помош на местото на настанот помош им била укажана на 15 станари кои вдишале чад.

Тие се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиниката за токсикологија.

Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.