Страшна сообраќајна несреќа во која загина мотоциклист утрово околу 7 часот се случи во скопската населба Ново Лисиче.

Полицијата и надлежните органи вршат увид по што ќе се знаат повеќе детали за причините поради кои се настаната оваа тешка сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“.

Од МВР повеќе информации ќе соопштат по завршување на полицискиот увид.

За несреќата со фатали последици известуваат и граѓаните кои се нашле на самото место, а веќе се појавија и слики од загинувањето на мотоциклистот на Фејсбук страницата за сообраќајни несреќи и прекршоци.

Фото: Фејсбук