Фото: НСДП

Горан Мисовски е избран за претседател на НСДП на 5. партиски конгрес што се одржа во Скопје.

Како што соопшти НСДП на својот официјален Фејсбук профил, од присутните 426 делегати, правото на глас го оствариле 314, од кои 308 гласале „за“, тројца „против“, а три ливчиња биле неважечки.
Претходно, Кристијан Трајковски ја повлече својата кандидатура за претседател на НСДП, не сакајќи да учествува во натамошната работа на овој, како што го нарече, нелегитимен конгрес.

Претседател на партијата од основањето во 2005 година беше Тито Петковски. Во април тој соопшти дека се повлекува од лидерското место и нема намера повторно да се кандидира. НСДП беше формирана, откако Петковски се отцепи од СДСМ.