Фото: Принтскрин/Јутуб

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Австралија се извини за ставањето на македонското знаме меѓу забранетите знамиња за снимање на Австралија опен и смета дека ова не треба да влијание на односите меѓу двете земји. Како што потенцираше, станало збор за технички пропуст и се надева оти нема да се повтори во иднина. Тој додаде дејка Австралија е наша пријателска држава во која што имаме и голема македонска заедница.

Забранетото македонско знаме на Австралија опен било ненамерна грешка, соопшти МНР

– Непријатно чувството и затоа ние реагиравме веднаш. Веднаш стигна извинување од Австралија и појаснување дека се работи за технички пропуст. Тоа не треба да влијае на нашите односи кои ги имаме со Австралија. На натпреварот којшто го играше нашата Лина, инаку гордост на нашиот тенис, имаше македонски знамиња во публиката, така што ние го прифативме тоа извинување на Австралија. Сепак, се работи за џентлменско извинување и се надеваме дека тоа нема да се случи во иднина – изјави Ковачевски при посетата на Шуто Оризари, во одговор на новинарско прашање.