Фото: ЦУК

Потрагата по 29-годишното лице кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковскиот регион, денес ја продолжуваат 8 нуркачи од армиските специјалци Волци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот. Видливоста е исто така лоша, особено на поголема длабочина. Воедно постојано се пребарува и брегот на езерото. Полицајци од СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата – вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Фото: ЦУК