Фото: Архива

Втор ден инспекторите од Управата за финансиска полиција ја собираат документацијата за новогодишното украсување на Скопје од 30 илјади евра. Директорот на Управата, Горан Иванов, во куса изјава за „Макфакс“ вели дека увидот сѐ уште не е завршен.

– Сѐ уште сме во процес на обезбедување на документацијата – изјави директорот Иванов за „Макфакс“.

Инспектори од Управата за финансиска полиција вчера влегоа во Град Скопје за да го побараат јавниот повик на кој била избрана компанија, која за 30 илјади евра го украсува Скопје.

По многубројните забелешки дека Управата за финансиска полиција оди во контрола во Град Скопје, најавена три дена претходно, Иванов рече дека ќе даде објаснување околу нивното постапување кога ќе заврши увидот.

Градоначалничката Данела Арсовска вчера на Фејсбук објави фотографија како игра шах со Дедо Мраз и напиша „во исчекување на резултатите од истрагата за елката“.