На патниот правец Куманово – К.Паланка (пред Страцин) поради поголем одрон сообраќајот е во прекин. Екипите на ЈП Македонија пат се на терен и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот. Засега сообраќајот се одвива по алтернативни регионални патишта. Екипите на Македонија пат се упатени на лице место и работат на расчистување на одронот, информираат од АМСМ.
Поради одрон, свлечиште на патот, затворен за сообраќај е регионалниот пат меѓу кичевските села Извор и Иванчишта. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин од 12.05 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.