Протест против францускиот предлог, услов Бугарија да го тргне ветото и да се отворат преговорите за членство на Македонија во Европската Унија / Фото: Маја Јаневска Илиева

Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ вечерва пред Владата продолжија протестите против францускиот предлог.

Учесниците предводени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица со македонски знамиња и транспаренти од Владата се упатија кон Министерството за надворешни работи, а крајна дестинација е Собранието.

Протестите се одржуваат секој ден во 19 часот, освен во петокот, кога незадоволството беше искажано преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Протестот не се одржа и во саботата поради муслиманскиот празник Курбан-бајрам.