Времето денес ќе биде претежно сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималните температури ќе се движат меѓу 3 и 9 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 24 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и пријатно топло, со слаб северен ветер. Температурата ќе се спушти до околу 7 степени во утринските часови, а преку ден ќе достигне до 23 степени.
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Од понеделник до среда се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни.
Во вторник ќе има услови за нестабилност, со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.































