Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде умерено облачно и посвежо, a попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според УХМР, наредните денови ќе се задржи посвежо време со ниски утрински температури. Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а за време на викендот се очекува пораст на температурата.