Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во источните делови повремено ќе биде значително облачно, а кон крајот на денот во североисточните ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне.