Фото: ЦУК лого
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.819 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,41%, а 59,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,51%, кон Итната медицинска помош 50,51%, а кон пожарникарите 3,29%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,61% со другите 59,59% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 981 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.
Согласно информациите во ЦУК, од регионалните центри за управување со кризи во државата во последното деноноќие се уште има пожари на вегетација на отворено и има запалени оџаци.
Но, покрај тие пожари има и пожари од невнимателност, заборавање на вклучени електрични уреди. Токму таков случај имало во последното деноноќие, за среќа со среќен завршеток, бидејќи на време е забележан чадот и пожарникарите со брза акција го изгаснале започнатиот пожар. Конкретно, Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Велес, во период од 13:10 до 13:45 часот интервенирале, по пријава дека од заклучен стан чади. Брзо дејствувале, ја отвориле вратата и установено е дека сопственикот го заборавил шпоретот вклучен, којшто е пронајден и дошол на лице место. Штети немало направено, интервенирано е на време. На терен биле 3 пожарникари со 1ПП возило.